Начин и упатство за плаќање

Начин и упатство за плаќање

На нашата веб страница www.setra.mk имате можност да направите нарачка и да платите на следниве начини:

Плаќање при испорака

Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба со која Сетра има потпишано договор за деловна соработка. Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи. По приемот на стоката доставена од страна на курирската служба, потрошувачот го плаќа во готовина износот на доставената пратка наведен во Потврдата за купување, која се доставува до потрошувачот по електронски пат, или со картица доколку курирската служба поседува терминал за наплата при достава. Курирската служба ја прима готовината и го уплаќа износот на собраните средства на својата сметка отворена во банка. Курирската служба секојдневно составува извештај кој го испраќа до Сетра за претходниот ден, во кој е дадена спецификацијата на доставените пратки, како и износот на паричните средствата што ќе бидат трансферирани најдоцна наредниот работен ден. По испраќањето на извештајот, курирска служба е должна веднаш да го префрли износот на средствата наведен во извештајот од својата тековна сметка на тековната сметка Сетра.

Плаќање на рати со iute

Купувањето на рати е возможно за корисниците на www.setra.mk преку IUTE програмите за “Buy Now, Pay Later” – сите пресметки  на www.setra.mk се информативни. При избирање на опцијата за плаќање “Купување со iute рати” нашата платфомра ве поврзува со Iute платформата каде избирате еден од достапните продукти во портфолито. Понатаму важат сите општи услови на  Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје.  Договорните услови се помеѓу корисникот и Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје.

Онлајн плаќање

При нарачка со онлајн плаќање ќе бидете префрлени на сајтот за безбедно плаќање на НЛБ Банка, каде што е потребно да ги внесете податоците од картичка и да стиснете на копчето „Потврди“, доколку сакате да ја откажете нарачката, стиснете на копчето „Откажи“.
Доколку плаќањето е успешно, ќе бидете префрлени на нашиот сајт со точни детали за вашата нарачка и на вашиот е-маил ќе ви биде испратена порака за успешна реализација на плаќањето. Вашата нарачка веднаш почнува да се процесира. Сетра не зачувува лични податоци од картички и носители на картички.

Пример/упатство за внесување на податоци за картичка:

Прифатени платежни картички за онлајн плаќање:

 

 

Број на картичка – 16 цифрен број кој се наоѓа на предната страна на картичката
CVV2/CVC2 – 3 цифрен број кој се наоѓа на задната страна на картичката
Датум на истек – датум на важност на картичката, се наоѓа на предната страна на картичката
Submit – потврдување на плаќањето
Cancel – откажување на плаќањето

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Про-фактура (уплатница)

Доколку одберете опција за плаќање преку про-фактура (уплатница) веднаш по направената нарачка на вашата е-маил адреса ќе ви пристигне порака со податоци кои ви се потребни за да извршите уплата во банка или пошта. На уплатницата задолжително во полето „Цел на дознака“ потребно е да внесете „Број на нарачка“. Вкупниот износ на уплатата мора да биде еквивалентен на вкупниот износ од направената нарачка на нашата веб страница. Трошоците за провизија се обврска на клиентот. Нарачката ќе почне да се процесира на денот кога уплатата ќе биде потврдена од наша страна.

Пример/упатство за уплатница ПП10:

Податоци за фирмата:

Целосен назив: Друштво за производство трговија и услуги СЕТРА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
ЕДБ: 4030993212416
Матичен број: 4559487
Жиро сметка: 210-0455948701-53
Депонент банка: НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Адреса: ул. „Христо Татарчев“ бр. 43б/3-10, 1000 Скопје